20.01.2012, 12:04 Леброн и настинат ги „растури“ Лејкерси
Џејмс дуелот го заврши со 31 поен, осум скокови и осум асистенции, заедно со 15-те поени на Крис Бош доволни за триумф на Мајами
И покрај најавите дека, поради настинка, нема да настапи на дерби пресметката со ЛА Лејкерс, првата ѕвезда на Мајами, Леброн Џејмс, не само што се појави на паркетот, туку и одигра перфектна партија за триумф на „жешките“ од 98-87.
Џејмс дуелот го заврши со 31 поен, осум скокови и осум асистенции, заедно со 15-те поени на Крис Бош доволни за триумф на Мајами.
По Гасол со 26 поени, Коби Брајант со 24 и Ендрју Бинам со 15 поени и 12 скокови беа најдобрите кај Лејкерси.
На останатите дуели, Далас славеше на гостувањето во Јута, додека Хјустон по продолжението триумфираше над Њу Орлеанс.
Резултати: Хјустон - Њу Орлеанс 90:88 (по продолжение), Мајами - Лејкерс 98:87, Јута - Далас 91:94.
|