17.01.2012, 12:29 Наполи од пенал спаси бод против Болоња
Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Наполи, а во неколку наврати сам се избори за шанса, но не успеа да го совлада противничкиот голман
Во натпреварот одигран синоќа во Неапол, со кој беше комплетирано 18 коло во фудбалскиот шампионат на Италија, Наполи и Болоња одиграа без победник 1:1.
Гостите поведоа преку Аквафреска во 14. минута, а Наполи израмни преку Кавани во 71. минута од измислен пенал.
Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Наполи, а во неколку наврати сам се избори за шанса, но не успеа да го совлада противничкиот голман. Тој беше најрасположен за игра во нападот на Наполи, но немаше поддршка од индиспонираните Кавани, Хамшик, Маџо и Инлер.
Со овој бод Наполи остана на шестото место со 28 бодови, десет поени помалку од лидерот Јувентус. Болоња се проби на 16. место со 19 бодови.
И Болоња не ја промени позицијата на табелата, и со 19 бодови останува на 16. место.
|