24.01.2012, 11:27 Македонија се уште има шанси за полуфинале
Србија ја совлада Шведска со 24:21 во синоќешниот меч од групата 1, со што на коло пред крајот на главната фаза обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на Европското првенство
Овој резултат им одговара на македонските ракометари, кои синоќа ја забележаа втората победа на шампионатот славејќи над Полска со 27-25, во реализирањето на амбициите за висок пласман. Македонија се уште има шанси да обезбеди место во полуфиналето, но во последното коло освен што ќе треба да ја совладаме Србија, и другите резултати ќе треба да ни одат во прилог.
На коло пред крајот Србија има недостижни 7 бода, Германија е втора со 5, а потоа следат Данска со 4, Македонија и Полска со по 3 и Шведска со 2 бода.
Во првиот утрешен дуел Полска треба да ја совлада Германија, но не повеќе од 2 гола разлика, Шведска иако без шанси за полуфинале, треба да слави над Данска, а ние, секако, да ја совладаме Србија, за да обезбедиме полуфинален пласман.
Група 1: Македонија – Полска 27-25, Данска – Германија 28-26, Србија – Шведска 24-21.
Табела: Србија 7, Германија 5, Данска 4, Македонија и Полска по 3, Шведска 2.
Следно коло (утре): Полска – Германија (16,15 ч.), Данска – Шведска (18,15 ч.), Македонија – Србија (20,15 ч.)
Група 2 (денеска): Шпанија – Исланд (16,10 ч.), Франција – Хрватска (18,10 ч.), Унгарија – Словенија (20,10 ч.).
Табела: Шпанија 5, Хрватска 4, Унгарија 3, Исланд, Словенија и Франција по 2.
|