23.01.2012, 11:25 Интер со пресврт до победа над Лацио
Фудбалерите на Интер беа подобри од Лацио во синоќешниот натпревар кој се одигра на „Џузепе Меаца“ во Милано и победија со 2:1
На дуелот со кој се комплетира 19.коло во Италијанското фудбалско првенство гостите од Рим иако имаа водство со голот на Томазо Роки во 30.минута, сепак, не успеаа да останат непоразени. Пресвртот го најави Диего Милито во 44.минута, а победата за „нероаѕурите“ ја донесе Џиампаоло Пацини во 63.минута. По овој триумф тимот на Интер се искачи на четвртата позиција на табелата истиснувајќи го токму Лацио едно место подоле.
На останатите натпревари од ова коло постигнати се следниве резултати: Болоња - Парма 0:0, Каљари - Фиорентина 0:0, Лече - Киево 2:2, Новара - Милан 0:3, Палермо - Џенова 5:3, Сиена - Наполи 1:1, Удинезе - Катанија 2:1, Рома - Чезена 5:1 и Аталанта - Јувентус 0:2.
Табела: Јувентус 41 бодови, Милан 40, Удинезе 38, Интер 35, Лацио 33, Рома 30, Наполи 29...
|