24.01.2012, 11:18 Келнер уплатил едно евро во обложувачница, а добил 680.000 евра
Станува збор за 41-годишен келнер од Малта кој се обложил на 19 натпревари и ги погодил сите
Британската обложувачница Вилијам Хил извести дека во ноември минатата година клиент заработил 680.000 евра на ливче за кое уплатил само едно евро.
Станува збор за 41-годишен келнер од Малта кој се обложил на 19 натпревари и ги погодил сите.
Еден од паровите кои ги одиграл на ливчето била победата на Ливерпул на гости кај Челзи во 12-го коло од Премиер-лигата. Глен Џонсон даде гол во 87-та минута за победа на Ливерпул од 2-1.
Обложувачницата во 2011 година оствари добивка во согласност со предвидувањата, околу 330 милиони евра.
|