23.01.2012, 10:55 Јанез Јанша во трка за нов премиер на Словенија
Поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша синоќа изјави дека е постигнат договор со четири партии со кои ќе формира коалиција на десниот центар, што ќе му овозможи да се врати на власт.
Јанша наведе дека е усогласен текстот на коалицискиот договор со уште четири партии кои имаат 50 од вкупно 90 места во Парламентот.
Договорот е објавен десет дена откако Парламентот одби да го прифати за премер поранешниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ.
Словенечката демократска партија (СДП) на Јанша последен пат на власт беше од 2004 до 2008 година. СДП на изборите во декември освои 26 пратенички места, додека партијата на Јанковиќ „Позитивна Словенија - 28.
Ако словенечкиот Парламент до крајот на месецот не именува нов премиер, претседателот може да го распушти Парламентот и да распише нови избори.
|