24.01.2012, 11:31 Миркуловски ќе игра против Србија
Што се однесува до Ацо Јоноски, тој има напукнување на носната коска, но се работи на тоа одличниот дефанзивец во нашиот национален тим исто така да биде оспособен за настап
Најновите информации од лекарскиот тим на ракометната репрезентација велат дека Филип Миркуловски нема скршеница на шаката, туку само местото е набиено и тој најверојатно ќе настапи против селекцијата на Србија. Ш
Што се однесува до Ацо Јоноски, тој има напукнување на носната коска, но се работи на тоа одличниот дефанзивец во нашиот национален тим исто така да биде оспособен за настап.
По првичните непријатни вести кои беа пласирани веднаш по завршувањето на натпреварот со Полска, сега можеме сите да здивнеме и да им посакаме на Миркуловски и на Јоноски брзо да се опорават и да можат да бидат во тимот за натпреварот в среда против Србија.
Големиот триумф над Полска сигурно психолошки ќе ги крене македонските ракометари, за кои се уште постојат, иако се теоретски, шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство.
|