25.01.2012, 15:37 Ватерполистите останаа без олимписки квалификации
Ватерполо репрезентацијата на Македонија попладнево е поразена од Романија со 12:10 во натпревар за разигрување за пласман од седмото до десетото место на Европското првенство во Ајндховен
По овој пораз Македонија ќе игра за 11. позиција, со што не успеа да избори учество на предолимпискиот квалификациски турнир во Едмонтон, Канада.
Резултатот по четвртини беше 1:1; 3:4; 3:4 и 3:3. Клучна за победата на Романците беше серијата од 4:0 која се случи во третата четвртина при резултат 5:5. Тогаш тие поведоа со 9:5 и рутински ја задржаа предноста до крајот на натпреварот.
Головите за Македонија ги постигнаа Мирослав Ранџиќ 3, Владимир Кречковиќ 2, Саша Мишиќ 2, Милан Петровиќ 2 и Иван Вуксановиќ 1.
За 11-то место Македонија ќе игра против поразениот од дуелот Шпанија - Турција кој се игра попладнево.
За денеска на еврошампионатот се предвидени и двата четвртфинални натпревари: Италија - Германија и Грција - Црна Гора.
|