25.01.2012, 15:19 Њујорк ја прекина низата од шест порази едноподруго
Феноменален во победата на Њујорк беше Тајсон Чендлер со 20 поени и 17 скока со шут од игра 9/10
Кошаркарите на Њујорк ја прекинаа серија од шест едноподруго порази во НБА лигата нанесувајќи му на синоќешните натпревари тежок пораз на Шарлот од 111-78.
Феноменален во победата на Њујорк беше Тајсон Чендлер со 20 поени и 17 скока со шут од игра 9/10.
Мајами беше подобар од Кливленд победувајќи го со 92-85. На пет натпревари без главниот плејмејкер Двејн Вејд, Мајами стигна до четири победи. За последната победа најзаслужен беше Крис Бош со 35 поени, додека кај гостите Кајрл Ирвинг забележа 17 поени.
Орландо лесно излезе на крај со Индијана, а до триумфот предводеше Андерсон со 24 поени (шут за три поени – 5/7) и осум скока.
Резултати: Шарлот – Њујорк 78-111, Индијана – Орландо 83-102, Мајами – Кливленд 92-85, Феникс – Торонто 96-99, Портланд – Мемфис 97-84.
|