Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
25.01.2012, 15:50
Ракометарите се надеваат на чудо



Македонскиот сон за полуфинале на ЕП во Србија и за настап на Олимпијадата би можел да стане јаве со победа над домаќинот вечерва и со посакувани резултати од другите два меча во групата

Од нашиот известувач
Роберт Димитриевски

БЕЛГРАД – „Ќе ни пуштат ли ’браќата Срби‘?“, е прашањето што ги скокотка македонските ракометни фанови пред вечерашниот дуел од 20,15 ч. во „Белградска арена“ против домаќинот на 10. Европско првенство, последен во првата група од главната фаза. Србија е веќе во полуфиналето, па многумина во Македонија би сакале да веруваат дека селекторот Веселин Вуковиќ ќе ги одмора своите клучни играчи. Освен за престиж, ним ништо не им значи овој меч, кој од друга страна за македонскиот машки ракомет има историски димензии. Влогот е огромен: полуфинале на јубилејниот евросамит во овој спорт и продолжување на сонот за настап на Олимписките игри во Лондон! Се разбира, ако на избраниците на Звонко Шундовски во третото и завршно коло им се насмее среќата буквално од уши до уши.

„Одвај чекам да ја видам таа пресметка на трибините – 10.000 македонски навивачи против 10.000 српски!“, вели капитенот Кирил Лазаров, кој пред заминувањето на ЕП имаше интересно размислување токму за вториот круг од шампионатот. „Со Данска, реално, шансите ни се мали, против Полска можеме да играме, а Србија сигурно ќе ја победиме! Можевме да го сториме тоа и во последниот контролен натпревар во Смедерево, но не сакавме да им ја расипеме атмосферата во тимот пред големото натпреварување на кое се домаќини“.

Вуковиќ, пак, по победата над Шведска од 24:21 не ја ни спомна Македонија.

„Имаме три дена за да се одмориме и да ги вратиме нашите повредени играчи во потребната физичка кондиција за полуфиналето в петок“, изјави српскиот селектор, (не)свесно прескокнувајќи го дуелот со јужниот сосед.

Толку за очекувањата во македонскиот табор и за тактизирањето во српскиот, а сега малку (повеќе) за тоа што би било кога би било. Македонија се' уште има шанси да се вмеша во борбата за медалите и да стигне барем до олимписките квалификации, но тие се во сферата на теоријата. Добитната комбинација е: Полска да ја победи Германија со разлика не поголема од два гола, потоа Шведска да ја совлада Данска и на крајот ние да бидеме подобри од Србите! Во тој случај ќе се создаде круг од три репрезентации на делба на второто место со по пет бода, при што се прави мини-табела и се решаваат меѓусебните дуели. Во тој случај Македонија е најдобра, бидејќи ја победи Полска со 27:25 и изгуби од Германија со 24:23, што значи би имала два бода и гол-разлика +1. Ги победат ли Германците со два гола разлика, Полјаците би биле втори на мини-табелата со два бода и со гол-количник нула, а „панцерите“ би завршиле трети со два бода и со гол-диференција минус еден!

„Шта је баби мило, тој јој се и снило“, вели една српска народна поговорка. Меѓутоа, ништо не е исклучено на ова налудничаво ЕП, на кое еден бод има вредност безмалку на три и каде што се случуваат најневеројатни пре��врти и уште почудесни резултати. Треба примери? Полска се врати од 9:20 на полувреме со Шведска и на крајот ремизираа 29:29 на стартот од вториот круг. Словенија го победи Исланд со два гола разлика, токму колку што требаше за елиминација на Норвешка од групата Д од првиот круг, во која сите три селекции завршија со по два бода. За македонските горчливи искуства во средбите со Шведска, со Германија и со Данска, пак, може да се напишат цели докторски дисертации...

Од друга страна, неколку факти го прават посакуваниот расплет за нас веројатен колку и можноста во Македонија да се откријат наоѓалишта на нафта, на дијаманти или на ураниум, како што духовито забележува еден посетител на интернет-сајтовите во својот коментар за наведените комбинации. И Германците се' уште немаат изборено олимписка виза, а за зачувување на шансите им е неопходна победа над Полска. Шведска, пак, го чека епилогот во групата без големи амбиции, со оглед на тоа дека нема шанси за полуфинале, во април во Гетеборг ќе биде домаќин на еден од трите квалификациски турнири за ОИ, а за скандинавското „на ти го – дај ми го“ има примери к��лку ти душа сака. Не само евровизиски.

Впрочем, еве што изјави шведскиот голман Јохан Сјестранд по завчерашниот пораз од Србија: „Отсега па натаму се подготвуваме за олимпискиот квалификациски турнир на наш терен“. Толку од мотивацијата за соседското дерби.

Што ќе излезе од сето ова ќе покажат резултатите од трите денешни меча во Белград. Програмата во „Белградска арена“ ја отвораат Полска и Германија од 16,15 ч., два часа подоцна ќе играат Данска и Шведска и на крајот Србија и Македонија. Пред последното коло во белградската група од вториот круг води Србија со седум бода, пред Германија со пет, Данска има четири, Македонија и Полска по три и Шведска два.

Миркуловски и Јоновски ќе играат

Иако во прв момент се чинеше дека Филип Миркуловски и Александар Јоноски го завршија својот настап на ЕП во Србија поради повредите добиени во средбата со Полска, дополнителните медицински анализи се позитивни. Кај Миркуловски, кој ја напушти салата со лонгета на десната рака и со првична дијагноза дека станува збор за скршеница или за напукнување на коската, се утврди дека има контузија на дланката и тој ќе настапи против Србија. На Јоноски, пак, му беше напукната носната коска во еден дуел во одбраната во првото полувреме, но од лекарскиот тим на „Аџибадем Систина“ ќе сторат се' и тој да игра во последниот меч од главната фаза.

Група 1

1. Србија        4 3 1 0   91:82  7
2. Германија   4 2 1 1 100:96  5
3. Данска       4 2 0 2 107:109 4
4. Македонија 4 1 1 2 108:108 3
5. Полска       4 1 1 2   99:104 3
6. Шведска     4 0 2 2 100:108 2

Денеска играат: Полска - Германија (16.15 ч.), Данска - Шведска (18.15 ч.), Србија - Македонија (20.15 ч.).





Статијата е прочитана 1166 пати.

Испрати коментар



Илјадници граѓани ги пречекаа ракометарите на плоштадот
Азаренка ја прегази Шарапова во финалето на Австралија Опен
Свечен пречек за ракометарите на плоштадот „Македонија“
Србија и Данска во големото финале на ЕП
Ѓоковиќ го доби епското полуфинале со Мареј
Ватерполистите го освоија 11. место на ЕП
А сега, за петто место и за - Олимпијада!
Антиќ поразен во трилерот во Истанбул
Милан преку Лацио до полуфинале со Јуве
Бостон со неверојатен пресврт до триумф над Орландо
Надал пресилен за Федерер
Ракометарите во првиот шешир во баражот за СП
Азаренка и Шарапова во големото финале
Мекејлеб го „урна“ Реал среде Мадрид
Барселона го елиминира Реал Мадрид од „Кралскиот Куп“
(ОБНОВЕНО) Македонија со Словенија за петтото место
Ватерполистите останаа без олимписки квалификации
Њујорк ја прекина низата од шест порази едноподруго
Ѓоковиќ без загубен сет против Ферер
Шпанија и Хрватска во борба за медалите
Норвешки судии ќе ни судат против Србија
Навивачите на пат кон Белград
Јувентус прв полуфиналист во „Копа Италија“
Мареј лесно до полуфиналето на Австралија Опен
Марјан Лазовски нов селектор на кошаркарската репрезентација
Мирандес сензационален полуфиналист во „Копа Дел Реј“
Бесплатен железнички превоз и билети за 1.000 навивачи за мечот со Србија
Надал закажа полуфинална пресметка со Федерер
Ибрахимовиќ најдобар играч за 2011 година, Алегри најдобар тренер
Седм�� триумф по ред на шампионот Далас
Федерер прв полуфиналист на Австралија Опен
Миркуловски нема скршеница на раката, ќе игра против Србија
Македонија се уште има шанси за полуфинале
Македонските ватерполисти поразени од Холандија
Полјаците македонски ракометни муштерии
Шарапова во четвртфинале, Серена Вилијамс во аут
Водечкиот тандем убедлив во Примера
Интер со пресврт до победа над Лацио
Ракометарите денеска ќе ги лечат раните со Полска
По Германците, ги честевме и Данците
Ватерполистите убедливо поразени од светскиот првак Италија
Уште еден трагичен пораз на нашите ракометари
Данска отвора олимписки врати
Скијачката Сара Бурк им подлегна на повредите
Македонија во ракометен транс
Приведени шест македонски навивачи во Ниш
Леброн и настинат ги „растури“ Лејкерси
Чешките ракометари „изгореа“ во натпреварот со Македонија
Миркуловски - Најдобри сме кога е најтешко
Германија убедлива против Шведска, двете селекции одат понатаму на ЕП
Одиме во Белград!
Решавачки дуел против Чешка за пласман во втората фаза на ЕП
Хрватска сигурен учесник во следната фаза на ЕП
(ВИДЕО) Барса повторно триумфално низ Мадрид
ЕХФ го одби протестот од РФМ
Мајами ја прекина серијата од три порази едноподруго
Чешкиот селектор најавува мала граѓанска војна
(ВИДЕО) Последниот шут на Лазаров беше гол?!
Лазаров - Незаслужен пораз од Германија
Несреќен пораз од Германија
(ВИДЕО) Фишер му пресуди на шампионот Далас
Делиите го избркаа Пикси од „Маракана“
Ватерполистите поразени од Грција
Македонија жртва на ракометна шпионажа
Илиевска и Арсовски задоволни од настапите на „Париз опен“
Стоилов - Германија е како „ранет лав“
Наполи од пенал спаси бод против Болоња
Манчестер Сити пак осамен на врвот во Премиeр лигата
Пораз на Франција, Хрватска се мачеше со Исланд
Ракометарите против Германија, ватерполистите во дуел со Грција
Федерер и Надал се „мачеа“ само еден сет
(ФОТО) Германија е нашата шанса
Македонија убедлива против Турција на стартот на ЕП во ватерполо
Сан А��тoнио несовладлив пред своја публика
Во Ниш полесно повреден македонски државјанин
Милито му донесе победа на Интер во миланското дерби
Барса во финишот го скрши отпорот на Бетис
Македонските ватерполисти го почнуваат настапот на ЕП
Испуштивме победа, но освоивме голем бод!
Ракометарите против Шведска на стартот на ЕП во Србија
Почина тренерската легенда Миљан Миљаниќ
Загина млада турска скијачка
Хауард урна рекорд на Чембрлен
Аврам Грант нов тренер на Партизан!
Максвел потпиша договор со ПСЖ на 3,5 години
Жерар во Ливерпул до крајот на кариерата
Барселона во четвртфиналето на „Кралскиот куп“
(ВИДЕО) Пандев го одведе Наполи во четврт-финалето на Купот
Коби Брајант со 40 коша ги почести и „џезерите“!
Лазаров како да не бил повреден
Вториот круг прва цел на ракометарите
Двајца Македонци на Младинската Зимска олимпијада во Инсбрук 2012
Валенсија ја елиминира Севиља поради гол во гости
Рома убедлива против Фиорентина во Италијанскиот куп
Ливерпул подобар од Сити во полуфиналето на Лига купот
Брајант и Џејмс лидери на американскиот дрим-тим на ОИ 2012
Реал закажа пресметка со Барса во четврт-финалето на Купот
Прекин на меч во Данска чини 250.000 евра
Ибра гласал за Гвардиола, Меси го испуштил Роналдо
Мајами поразен од Голден Стејт, шоу на Коби против Феникс
Чикаго убедлив против Детроит
Ватерполистите сардисани од повреди
Кома и Рома најбрзи во осмата етапа
Враќање од соништата за Анри
Чави - Зборовите на Меси ми значат повеќе од Златната топка
Ерик Кантона во трка за претседател на Франција
Ѓоковиќ и Вознијачки први носители во Мелбурн
Пол Сколс ја прекина пензијата
Меси главен фаворит за Златната топка
Трета победа едноподруго на Оклахома за само 72 часа
Барселона без победа во градското дерби
Четврти сезонски гол за Пандев во Серија А
Македонските ракометари поразени од Србија
Македонија ја победи Турција на турнир во Истанбул
Шриленцауер победник на турнејата „Четири скокалници“
Гвардиола тренер на годината, честитки и од Мурињо
Крис Бош маестрален во отсуство на Вејд и Џејмс
Милан го договори Карлос Тевез
Анри потпиша за Арсенал, ќе дебитира во понеделник
Валенсија подобра од Севиља во „Кралскиот куп“
Пораз во добра игра против европскиот шампион Хрватска
Петерхансел повторно лидер на релито „Дакар“
Почина екс-кошаркарот на МЗТ Скопје, Дарнел Линдзи
Петти триумф во серија за Чикаго Булс
Барселона убедлива во осминафиналето на „Кралскиот куп“
Втор пораз по ред на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата
Четврта победа на Шилд на Слјеме
Касиљас повторно најдобар светски голман
Бо Мекејлеб повторно се повреди
„Кралски“ пресврт на Реал во осминафиналето на Купот
Манчестер Сити убедлив против Ливерпул
Чикаго ја победи Атланта и се искачи на првата позиција на Истокот
Биелса следната година го менува Гвардиола во Барса
Уште две жртви на „Дакар“
Виљаш Боаш веќе се простуваше, Лампард го спаси во 89. минута
Ѓорче пак ќе навива за Македонија
Чави најдобар плејмејкер, Табарез селектор на годината
Мајами и Оклахома паднаа, нема веќе непоразени
Втор пораз на Манчестер Сити во Премиер лигата
(ИНТЕРВЈУ) Пандев - Раѓањето на Ана најсреќен момент во малерозната година
Челзи и Болтон се договорија за Кејхил
Анри ќе ја облече „12-ката“ на Арсенал
Џордан ќе се жени со 15 години помладата Ивет
Дурант му пресуди на шампионот
Барса му го краде младиот Роме на Челзи
Ветеранот Дефаго најбрз на спустот во Бормио
Легендата Анри на заем во Арсенал
Ѓоковиќ најдобар спортист, Барселона најдобра екипа
Динамо во Скопје на 25 април
Трета победа на Мајами, трет пораз на Бостон

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: -1°C, Мин: -7°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |