21.01.2012, 20:42 Ватерполистите убедливо поразени од светскиот првак Италија
Во рамките од 4-коло од групата „А“, Македонија загуби од светскиот шампион Италија со 15:5 (по четвртини 2:3, 1:2, 1:5 и 1:5)
Македонската ватерполо репрезентација го претрпе и третиот пораз на Европското првенство кое се одржува во Ајндховен, Холандија.
Во рамките од 4-коло на групата „А“ Македонија е совладана од светскиот шампион Италија со 15:5 (по четвртини 2:3, 1:2, 1:5 и 1:5).
Головите за Македонија ги постигнаа Димовски, Мишиќ, Ранџиќ, Петровиќ и Летица (сите по 1 гол), а мала утеха за нашата репрезентација беше одличниот настап на голманот Далибор Перчиниќ кој имаше 10 успешни одбрани, но и тој не успеа да помогне да се избегне поразот.
Македонската репрезентација за противник во оваа рунда го има актуелниот светски шампион селекцијата на Италија. Натпреварот Македонија – Италија кој е во рамките од групата „А“ ќе започне од 14 часот и 30 минути.
Во останатите два натпревари од оваа група денеска ќе играат, Турција - Холандија и Унгарија - Грција.
Во последното коло (понеделник од 19 часот) нашата селекција ќе игра со домаќинот на првенството Холандија.
|