23.01.2012, 11:49 Попоски и Арифи на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација
Од страната на ЕУ, од името на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедносни прашања, делегацијата ќе ја предводи данскиот министер за надворешни работи Вили Совндал во својство на ко-претседавач со Советот
Во Брисел денеска ќе биде одржан осмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски кој ќе претседава со состанокот, ќе ја предводи македонската делегација во чиј состав е и заменик претседателот на Владата за европски прашања Теута Арифи. Од страната на ЕУ, од името на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедносни прашања, делегацијата ќе ја предводи данскиот министер за надворешни работи Вили Совндал во својство на ко-претседавач со Советот, а ќе учествуваат и комесарот за проширување Штефан Филе, како и извршниот директор на Европската служба за надворешна акција Мирослав Лајчак.
Тема на разговор ќе бидат билатералните однос�� помеѓу Република Македонија и ЕУ во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација, исполнувањето на политичките и економски критериуми, хармонизацијата со правото на ЕУ, финансиската соработка и имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Делегациите ќе разменат мислења и за состојбите во регионот Западен Балкан и други меѓународни прашања од заеднички интерес за двете страни
|