24.01.2012, 13:51 Седми триумф по ред на шампионот Далас
Феноменална победа забележа и Бостон совладувајќи го Орландо со извонредни 31 поен разлика (87-56), притоа и без дури пет свои кошаркари меѓу кои и Реј Ален
Екипата на Далас, без повредените Дирк Новицки и Винс Картер, стигна и до својата седма едноподруго победа во НБА лигата.
На синоќешните натпревари Маверикс славеа со 93-87 против тимот на Феникс предводени токму од поранешниот играч на гостите, Шон Мерион кој стигна до бројката од 29 постигнати поени. Во поразениот тим најефикасни со 19 поени беа Грент Хил и Марчин Гортат.
Феноменална победа забележа и Бостон совладувајќи го Орландо со извонредни 31 поен разлика (87-56), притоа и без дури пет свои кошаркари меѓу кои и Реј Ален.
Најефикасни кај Селтикси беа Пол Пирс и Брендон Бас со по 19 поени, додека Двајт Хауард со 19 поени и 14 поени беше најзабележителен кај Орландо, кој со 56 реализирани поени го собори клупскиот рекорд на најмал број поени постигнати на еден натпревар во историјата.
Седма победа по ред во досегашниот дел од НБА сезоната забележа и Мемфис победувајќи го Голден Стејт со 91-90.
Резултати: Филаделфија - Вашингтон 103-83, Њу Орлеанс - Сан Антонио 102-104, Милвоки - Атланта 92-97, Минесота - Хјустон 92-107, Бостон - Орландо 87-56, Чикаго - Њу Џерси 110-95, Оклахома - Детроит 99-79, Далас - Феникс 93-87, Портланд - Сакраменто 101-89, Голден Стејт - Мемфис 90-91
|