Дамка врз синоќешното „Ел Класико“ фрли неспортскиот потег на Пепе, кој во вториот дел намерно му ја згазна раката на Лионел Меси
Во првата средба од 1/4 финалето на фудбалскиот куп на Шпанија, екипата на Барселона го совлада Реал во Мадрид со 2:1.
Иако домаќините со голот на Кристијано Роналдо (11-минута) поведоа со 1:0, сепак Барселона преку Пујој (49) и Абидал (77), стигна до комплетен резултатски пресврт и трет последователен триумф во дуелот со големиот ривал.
Дамка врз синоќешното „Ел Класико“ фрли неспортскиот потег на Пепе во второто полувреме. Фудбалерот на „кралевите“ во 68. минута исфрустриран од случувањата на теренот бесот одлучи да го искали врз најдобриот фудбалер на планетата, Лионел Меси, кој лежеше на тревата откако претходно беше фаулиран од Каљехон. Пепе намерно му ја згазна раката на аргентинскиот ас, па правејќи се како ништо да не било, тргна кон судијата за да изврши притисок во одбрана на својот соиграч, кој заработи жолт картон.
- Пепе е идиот. Знае понекогаш на сите на им оди на нерви - го прокоментира Вејн Руни на својот Твитер профил потегот на Пепе, кој остана неказнет.
Најавени се санкции за ваквиот потег, а интерна суспензија Пепе може да заработи и од својот клуб.
Во вториот натпревар одигран вчера вечер Атлетик Билбабо со 2:0 ја совлада Мајорка.
Ден порано Еспањол со три гола во последните пет минути од натпреварот против третолигашот Мирандес стигнаа до победа од 3:2.
Вечерва од 21 часот и 30 минути на „Местаља“ ќе играат Валенсија и Леванте.
Stvarno e idiot! I zatoa ne navivam za Real. Fudbalot se sepak igra so pamet i znaenje (Mesi), a ne so sila i bezobrazluk (Pepe). Murinjo izigrava nekoj trener, a uporno se oslonuva na toj idiot i na takvi kako Pepe. I zatoa gubi i ce gubi, ne samo rezultatski, nego i navivachki. Napred Barsa!