20.01.2012, 11:55 Оружен инцидент во Струга, двајца повредени
Во оружена престрелка во Струга синоќа повредени се две лица. Престрелката се случила во 22 часот кај Пливалиште.
Поради прострелните рани со кои се здобиле во делот на екстремитети, лицата веднаш биле префрлени во општата болница во Струга од каде е најавено дека врз нив ќе биде извршена хируршка интеревенција.
Според првичните информации, причина за инцидентот се нерасчистени меѓусебни односи и нетрпеливост меѓу две лица кои учествувале во инцидентот.
Очевидци посочуваат дека инцидентот се случил веднаш откако лицата се сретнале на паркингот кој се наоѓал во близина.
Почнале вербално да се навредуваат по што веднаш почнала оружена престрелка. Еден од учесниците во инцидентот е Струга, а другиот од селото Калишта.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Од СВР Охрид најавија дека во текот на денот ќе излезат со официјално соопштение за настанот.
|