17.01.2012, 11:13 Ромни: САД да не го спасуваат банкарскиот систем на Европа
Фаворитот на републиканците за кандидат за претседателските избори Мит Ромни изјави оти не е неопходно САД да се ангажираат во спасувањето на банкарскиот систем на Европа, јавија денеска американските медиуми.
- Нема потреба да се туркаме кон Европа за да го спасиме нејзиниот банкарски систем, одговори Ромни на прашањето дали е подготвен да им помогне на Европејците по намалувањето на вредноста на еврото.
На дебатите со своите ривали во номинацијата за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Њут Гингирч, Рик Пери, Рон Пол и Рик Санторм во Јужна Каролина, каде во саботата се одржаа првични избори, Ромни исто така се заложи на минимална интервенција на американската Влада во економскиот живот.
- Треба да ги отвориме пазарите и да ги натераме Американците повторно да заработуваат. Тоа е одговорот, а не спасувањето на банките, додаде Ромни.
Изјавата на Ромни, кој води пред останатите четворица кандидати на ребупликанците беше дадена пред објавувањето на соопштението на агенцијата „Стандард енд Пурс“, во кое таа го намали кредитниот рејтинг за девет земји од еврозоната, меѓу кои и на Франција.
За време на дебатите Ромни, поранешен гувернер на Масачусетс. беше подложен на притисок од своите соперници да ги објави даноците на своите доходи. Тој рече оти ќе го стори тоа доколку ја добие номинацијата.
|