23.01.2012, 15:31 Орав доаѓа на почетокот на февруари
На почетокот на фебруари се очекува во Скопје да пристигне новоименуваниот амбасадор на Европската Унија во Македонија, естонскиот дипломат Аиво Орав.
Орев својата дипломатската кариера во Македонија ја продолжува по амбасадорската функција во Турција, Азербејџан и Сирија од која се уште не е отповикан. Својата богата дипломатска кариера ја започнува во Естонското мнинистерство за надворешни работи, е наведено во неговата професионална биографија.
По неговото именување, високиот преставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија Катрин Ештон, во Брисел минатиот месец изјави оти е многу задоволна што на клучните позиции за европската надворешна политика се назначени силни и искусни кандидати.
Аиво Орав во Македонија и Самуел Збогар, новоименуваниот амбасадор во Косово, во своите нови улоги, во овие држави ќе внесат уникатно и единствено искуство, и ќе бидат од круцијална важност за продолжување на соработката со ЕУ.
Минатата недела во Брисел новоименуваниот амбасадор Аиво Орев оствари средба со неговиот македонскиот колега Андреј Лепавцов.
За потсетување амбасадорската функција на ЕУ мисијата во Македонија, Орав ќе ја преземе пет месеци откако неговиот предходник Питер Соренсен беше преименуван за прв човек на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина во септември минатата година.
|