17.01.2012, 11:15 Извадено уште едно тело од бродот „Коста Конкордија“
Спасувачките екипи синоќа пронајдоа уште едно тело на загинат при насукувањето на италијанскиот туристички брод „Коста Конкордија“.
Со тоа вкупниот број на досега потврдените жртви во бродоломот изнесува седум лица, а уште 28 се сметаат за исчезнати.
Досега спасувачите соопштуваа за 16 исчезнати лица, меѓу кои четворица италијански туристи, двајца Американци, две двојки од Франција и шестмина членови на екипажот.
Бродот „Коста Конкордија“ со повеќе од 4.200 патници и членови на екипажот во петокот вечерта се насука во близина на Тоскана откако удри во карпа.
|