19.01.2012, 12:52 Сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ и НАТО
Сите земји од Западен Балкан треба да станат членки на Европската унија и НАТО и САД треба да продолжат да пружаат поддршка на тој процес, беше оценето на трибината на Американскиот Хелсиншки комитет во Вашингтон.
На значењето на евроатлантските интеграции укажаа конгресмените Крис Смит и Елиот Енгел, оценувајќи дека НАТО може да има значајна улофа во транзицијата на регионот.
Конгресмениот Смит, учествувајќи на собирот „Западен Балкан и НАТО самитот 2012“ рече дека проблемите на Косово и БиХ покажуваат дека северноатлатнтската алијанса треба и натаму да биде присутна во регионмот.
- Другите проблеми, како што се Авганистан, ракетниот штит, Либија или кризата во еврозоната не смеат да не одалечат од долгорочната цел, а тоа е влез на земјите од Западен Балкан во НАТО, рече Смит.
Даниел Сервер од Џон Хопкинс Универзитетот се заложи за влез на Македонија и Црна Гора во НАТО на Самитот во Чикаго во мај, оценувајќи дека само на тој начин ќе биде исправена неправдата кон Скопје од последниот самит на северноатлантската алијанса.
Според него, БиХ, Србија и Косово не се подготвени за влез во НАТО.
Нида Гелазис од Вудро Вилсон центарот оцени дека за влез на Македонија во НАТО треба да се почека договорот меѓу Скопје и Атина.
Што се однесува на влезот на Србија во НАТО, Сервер рече дека тоа е одлука која прво треба да ја донесе Белград, но дека за членство треба да покаже дека го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на своите соседи.
|