20.01.2012, 12:25 Ердоган: Немам рак
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги демантираше шпекулациите во јавноста дека има рак, но потврди дека после операцијата во ноември се уште е под лекарска контрола
- Не, јас немам рак, изјави Ердоган (57) во интервју со познатиот турски новинар Мехмед Али Биранд кое наскоро ќе биде емитувано на една приватна телевизија.
Турскиот премиер на 26 ноември минатата година беше опериран при што му беа извадени полипи од стомакот кои, како што потврди хирургот Мехмет Фузун, биле бенигни. Тој поради операцијата ја откажа посетата на Катар, а со потпретседателот на САД Џозеф Бајден се сретна во својот дом во Истанбул. Тоа во јавноста веднаш ги подгреа шпекулациите дека Ердоган е тешко болен и оти има рак, иако од средината на декември редовно ги извршува своите обврски.
Во најновото интервју Ердоган потврдил дека се уште е под лекарска контрола и оти докторите му советувале да не се преморува премногу. Ердоган е премиер на Турција од 2003 година, а е лидер и на владејачката Партија на правдата и развојот.
|