23.01.2012, 11:51 Нови именувања во Европскиот совет
Европскиот совет именуваше денеска нов шеф на воениот комитет и специјален посредник за блискоисточниот мировен процес.
Нов шеф на воениот комитет составен од министрите за одбрана на државите-членки на ЕУ, ќе биде генерал Патрик де Русие, кој ќе го замени Хокан Сирен.
Советот го именуваше и германскиот дипломат Андреас Рејнике за специјален посредник во конфликтите на Израел со Сирија и Либан и тој ќе го наследи поранешниот британски премиер Тони Блер. Ренике ќе ја претставува ЕУ во блискоисточниот „квартет“ во кој освен ЕУ се и ОН, САД и Русија.
|