23.01.2012, 16:55 Непристојна понуда за преживеаните од „Конкордија“
Згрозените патници ја нарекоа смешна понудата од 30 отсто попуст за сите идни крстосувања
Компанијата „Карнивал“, во чија сопственост е „Коста конкордија“, на преживеаните од заринканиот крузер им понуди 30 отсто попуст на сите идни крстосувања. Тој „деловен потег“ во неделата не беше дочекан со воодушевување, туку згрозерните патници кои ја преживеаја хаваријата понудата ја нарекоа смешна и навредлива, пренесува „Њујорк дејли њус“.
Самата понуда доага во склоп на рефундирањето на пари за сите патници кои се наоѓаа на крстосувањето на несреќниот и кобен петок 13, во случај ако „сакаат да и' останат верни на компанијата“. Но, напатените патници кои наместо одмор и уживање доживеаја вистински кошмар сакаат многу повеќе од намалување на цената на новото крстосување за една третина.
Преживеаните планираат да се здружат и во Мајами, каде што е сместено седиштето на „Карнивал“, да подигнат тужба, барајќи исплата на отштета во износ од 160.000 долари по патник.
Ако се исплати отштета за секој од 3.206 патници, „Карнивал“ ќе мора да издвои речиси 513 милиони долари. Таа компанија за најголемата поморска катастрофа по потонувањето на „Титаник“ го обвинува „капетанот кукавица“, Франческо Скетино.
Но, Скетино минатата недела за време на сослушувањето му рече на судијата дека неговите шефови многу добро знаеле дека ќе плови опасно близу до брегот на островот Џиљо, па дури, и шефовите наводно му рекле тоа да го направи како „облик на реклама за компанијата“.
Како што во неделата пренесе италијанска „Ла република“, во еден текст меѓу 135 страници запис од неговата изјава, стои: „Поздравот кај Џиљо на 13 јануари е испланиран во договор со компанијата пред тргнување од Чивитавекија“. Додаде дека опасниот маневар мислеле да го изведат една недела порано, но поради лошото време идејата не е спроведена.
Во меѓувреме, од останките на луксузниот крузер е извлечено телото на 13. жртва, островот Џиљо почна да го посетуваат туристи за да може да го видат превртениот брод, а обвинителите трагаат по лаптопот што Скетино го понел со себе кога кукавички го напуштил бродот, и кој во моментите пред да биде уапсен го предал во рацете на една мистериозна русокоса. (Индекс.хр)
|