26.01.2012, 12:54 Калиопи ќе пее на втората полуфинална вечер
Калиопи ќе ги брани боите на Македонија на 24-ти мај во втората полуфинална вечер во Баку, Азербејџан, на 57. по ред Евровизиски фестивал
Вчера, низ пригодна шоу програма, градот Баку и официјално е претставен како град - домаќин на Евровизија 2012. Во текот на 100-минутниот настан, градоначалникот на минатогодишниот град домаќин - Дизелдорф на симболичен начин го предаде „евровизискиот клуч“ на градоначалникот на Баку. На церемонијата се случи и извлекувањето на земјите учеснички а деталниот редослед за настап ќе се знае во март, на традиционалниот состанок на шефовите на Делегации во Баку.
|