23.01.2012, 12:06 „Жената која ги избриша своите солзи“ премиерно на Берлинале на 11 февруари
Филмот на Теона Стругар Митевска по премиерната проекција на 11 февруари ќе има уште четири официјални проекции организирани од фестивалот
Премиерата на македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска на Берлинскиот филмски фестивал ќе биде на 11 февруари во 20 часот, во кино Интернационал.
Како што соопшти продукција Митевски, киното Интернационал се смета за една од најубавите кино сали во Берлин. Во ова кино се прикажуваат голем број од премиерите што се во селекцијата Панорама специјал.
На 11 февруари, Берлинскиот филмски фестивал ќе организира и прес-конференција за екипата на филмот „Жената која ги избриша своите солзи“.
Филмот „Жената која ги избриша своите солзи“ по премиерната проекција на 11 февруари ќе има уште четири официјални проекции организирани од фестивалот, и тоа на 12 февруари во 13:30 часот, на 13 февруари во 14:30 часот, на 15 февруари во 14 часот и на 16 февруари во 17:45 часот.
Филмот една екстра проекција ќе има на маркетот, со цел да им се овозможи на дистрибутерите, кино прикажувачите и селекторите на други фестивали да имаат можност да го видат надвор од редовните проекции. Ќе биде организирана и уште една дополнителна проекција за време на фестивалот која ќе биде за новинарите.
Изработката на промотивниот метаријал ја водеше Ричард Ломбард кој е постојан соработник на авторите како Сокуров, Аки Кауризмаки, Бруно Демонт, Ари Форман, Ханеке додека интернационалната прес-конференција ке биде покриена од страна на Белгиската агенција PR Factory, една од водечките прес агенции со огромно искуство за авторски филмови.
Официјалниот постер за филмот го изработи словенечката графичка дизајнерка Јасна Андрич.
|