23.01.2012, 12:56 Македонската филхармонија денеска отпатува во Оман
Под диригентство на Хишам Габр од Египет, нашата Филхармонија, заедно со домашен ансамбл на традиционални арапски инструменти, ќе изведува дела од популарниот арапски композитор Амар ел-Шереи
Оркестарот на Македонската филхармонија денеска патува во Мускат, главниот град на Оман, каде што в среда ќе одржи концерт во неодамна отворената Кралска опера. Под диригентство на Хишам Габр од Египет, нашата Филхармонија, заедно со домашен ансамбл на традиционални арапски инструменти, ќе изведува дела од популарниот арапски композитор Амар ел-Шереи (Концерт за уд и оркестар и Варијации за оркестар), а како солист ќе се претстави мајсторот на традиционалниот уд, Салим ал-Макраши од Египет. Концертот, во најавата на програмскиот лист, е опишан како настан кој на поинаков начин ќе ги спои традиционалните арапски со западните инструменти.
- Порај оркестарот, на сцената ќе има и ансамбл со традиционални арапски инструменти, а и слепиот композитор Ел-Шереи ќе настапи како солист во едно од неговите дела за уд и оркестар. Програмата вклучува Концерт за уд и оркестар како и Варијации на арапски теми за оркестар, а во Оман ќе прозвучат и звуците и ритмите на Македонија, претставени во изведбата на делото „Тешкото“ од Глигор Смокварски, композиција која на исклучителен начин го отсликува македонскиот фолклорен идиом во музиката за симфониски оркестар, соопшти Македонската филхармонија.
Инаку, за гостувањето на Филхармонијата во Оман, големо да кажал и најпознатиот изведувач на уд, либанскиот музичар Раби Абу-Калил, кој веќе соработуваше со Македонската филхармонија на заедничкиот концерт што во 2008 година го одржаа на „Скопскиот џез-фестивал“. Раби Абу-Калил, кој на СЏФ настапи и во 1996 и во 2001 година, во Скопје со Филхармонијата го промовираше албумот „Ем Португес“, а концертот беше предводен од диригентот Борјан Цанев.
|