23.01.2012, 12:21 Синдикатот сака да влијае врз цената на струјата и парното
Сојузот на синдикати на Македонија бара од Регулаторната комисија за енергетика да биде вклучен при донесувањето на одлуките за цената на одредени енергенси кои влијаат врз стандардот на граѓаните.
Ова денеска го најави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонја Живко Митревски.
- Ќе побараме средба со Регулаторната комисија за енергетика со цел да ни се објасни начинот на пресметување на зголемувањето на струјата, парното греење и другите енегенси. Ќе ја активираме идејата пред донесувањето на клучните одлуки кои влијаат врз стандардот на работниците, одлуките на Регулаторната комисија за енергетика да бидат разгледани и на Eкономско-социјалниот совет, изјави Митревски.
Синдикатот ќе ја активира идејата за субвенционирање на сметките за греење на граѓаните во места каде ќе има екстремно ниски температури.
За ова, како што рече Митревски ќе поведат и постапка пред Eкономско-социјалниот совет, со цел во иднина да се разработат механизми со кои ќе се изврши заштита на стандардот на работниците и граѓаните.
|