20.01.2012, 14:09 Саркози објави прекин на операциите во Авганистан
Франција ја суспендирала обуката на авганистанските војници и се заканила дека ќе ги повлече своите трупи од Авганистан бидејќи еден авганистански војник убил четири француски припадници на НАТО мисијата на истокот на земјата.
„Од сега целокупната обука на авганистанските војници и борбени операции во кои ќе учествува француската војска се суспендирани“, рекол претседателот Никола Саркози во Париз, потврдувајќи ја веста за убиството на француските војници.
„Француската војска останува со своите сојузници, но не можеме да прифатиме еден од нашите војници да биде ранет или убиен од страна на нашите сојузници, тоа не е прифатливо“, рекол Саркози.
Тој нагласил дека доколку безбедносните услови потворно не бидат воспоставени, ќе биде поставено прашањето на “рано повлекување“ на француската војска.
„Француската војска во Авганистан е во служба на Авганистанците против тероризмот и талибанците. Француските војници не се во Авганистан за да може авганистанските војници да пукаат во нив“, додал Саркози.
Тој соопштил дека го испратил министерот за одбрана Жерар Лонг во Авганистана, а се очекува авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да го посети Париз следната недела.
Извор од авганистанските разузнавачки служби изјавил дека авганистански војник убил четворица негови колеги, а 17 ранил во градот Тагхаб, во источната провинција Капис. Авганистанскиот војник се наоѓа во притвор, потврдил портпаролот на НАТО силите во Авганистан, не наведувајќи повеќе детали околу самиот инцидент.
Во овие напади вкупно 82 француски војници го загубиле животот во Авганистан од нивниот ангажман од 2001 година.
Повлекувањето на францускиот контингент, кој брои околу 4.000 војници, било планирано за 2014 година.
Овој случај е последен во низата убиства на странски војници кои настрадале во нападите на припадници на авганистанските сили за безбедност, со што е намалена довербата на странските трупи и домашните сили. |