20.01.2012, 11:28 Нано Морети претседател на жирито на 65. Кански филмски фестивал
Италијанскиот актер и режисер Нано Морети, кој е добитник на Златната палма во 2001 година, ќе претседава со 65-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Кан, соопштија рано изутринава организаторите на фестивалот.
Морети, кој е редовен гостин на Кроазетата, покрај Златната палма од 2001 за филмот „Собата на синот“, има претставено вкупно шест филмови на најпрестижниот филмски фестивал, вклучувајќи го и последниот „Хабемус Папам“. Тој беше член на жирито на фестивалот во 1997 година.
- Нано Морети е голем автор, кој е многу високо на мојот личен Пантеон, изјави генералниот делегат на Фестовалот од Кан, Тери Фремо.
Изборот за Морети за претседател на жирито се оправдува и со фактот што во последните четири години, тројца од претседателите биле Американци.
Морети е роден во 1953 година во италијанското место Брунико. Меѓу другите, тој е автор и на филмовите „Мисата е завршена“ (1985), „Паломбела роса“ (1989), „Интимниот дневник“ (1994), „Собата на синот“ (2001) и „Кајман“ (2006), во кој ги осудува политичките маниери на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Годинашниот филмски фестивал во Кан ќе се одржи од 16 до 27 мај.
|