23.01.2012, 12:04 Пратениците треба да гласаат за измените на Законот за државни службеници
На 20-та седница пратениците треба да гласаат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници, во прво читање
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски даде пауза до 12:30 часот откако немаше доволен број пратеници за да може да се гласа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, во прво читање.
На 20-та седница пратениците треба да гласаат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници, во прво читање.
За двата закона минатата недела се дискутираше четири дена. По исцрпувањето на листата на пријавени за збор пратениците од опозицијата ја напуштија салата, поради што немаше кворум за изјаснување по законските предлози.
|