17.01.2012, 12:51 Аукција за подароци на Николае Чаушеску
Во Романија ќе биде организирана аукција под името „Златниот век“, на која ќе се понудат на продажба подароци кои им припаѓале на поранешниот диктатор Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена.
Аукцијата ќе се одржи на 26 јануари во хотелот Хилтон во Букурешт, соопштија организаторите.
Меѓу седумдесетте предмети од времето на Чаушеску има уметнички дела, украси, фотографии и медали. Најскапоцените подароци меѓу нив се бисерна кутија, ќилим од кожа на тигар и скапо пенкало, кое му било подарено на Чаушеску за време на неговата посета на Јапонија во 1975 година.
По стрелањето на Чаушеску и неговата сопруга во декември 1989 година, романските власти организираа четири аукции на предмети кои им припаѓале на ова семејство, од кои заработиле 1,3 милиони долари. Главните купувачи биле странци, кои се љубители на егзотични предмети, купувајќи ги неговите автомобили, оружја, слики, мебел, па дури и санката на која се лизгал на Карпатите.
|