26.01.2012, 15:30 „Порта Македонија“ ќе биде отворена и во саботите
Поради голем интерес на граѓаните од внатрешноста на Македонија, „Порта Македонија“ ќе биде отворена за посетитетли и во саботите, зашто во викенди тие се послободни да го посетат главниот град.
Наместо од понеделник до петок, како досега, објектот ќе работи од вторник до сабота. Недела и понеделник се неработни денови. Работното време останува исто - од 8.30 до 16.30 часот и влезот е бесплатен.
Како што информира Министерството за култура, од отворањето на 6 јануари „Порта Македонија“ секојдневно ја посетуваат голем број граѓани. Се очекува влезот да се наплаќа од април, кога објектот целосно ќе биде ентериерно уреден и ќе има галерија. Вградени се и лифтови, но засега за искачување на врвот од 21-метарскиот објект се оди по скали.
Покрај панорамскиот поглед што го нуди горната платформа на портата, привлечна за посетителите е и сувенерницата на приземјето во која може да се купат минијатури од спомениците и од двокатните автобуси, магнети и разгледници со мотиви од Скопје, како и реплики на експонати од музеите во Македонија.
|