25.01.2012, 15:02 (ФОТО) Тројца македонски државјани загинаа кај Прешево
Портпаролот на полициската управа во Врање во изјава за медиумите соопшти дека настраданите, кои се превезувале во Ауди со регистарски таблички ТЕ-571-ДС, удриле во камион со грчки регистaрски ознаки.
Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи изутринава околу 6:30 часот во близина на Прешево во Србија.
Портпаролот на полициската управа во Врање Драган Стаменковиќ во изјава за медиумите соопшти дека настраданите, кои се превезувале во Ауди со регистарски таблички ТЕ-571-ДС, удриле во камион со грчки регистaрски ознаки.
Според Радио Телевизија Врање, во несреќата настрадале Бесим Фетаи, Османи Осман и уште еден македонски државјанин чиј идентитет се уште не е утврден. Возачот на камионот не бил повреден и е задржан во притвор.
Автомобилот со кои патувале македонските државјани бил потполно уништен и завршил под камионот.
Според српските медиуми, можна причина за несреќата бил лизгавиот коловоз и и снегот кој во тој дел од Србија наврнал во висина од 40 сантиметри.
|