26.01.2012, 14:41 „Буба Фолксваген“ доби Оскар за индустриски дизајн
Најдобрите светски дизајни за 2011 беа прогласени во музејот за архитектура и дизајн во Чикаго и Европскиот центар за арт дизајн и урбана наука
„Буба Фолксваген“ е еден од добитниците на оскар за индустриски дизајн на манифестацијата Good Design која што се одржа во Чикаго. Најдобрите светски дизајни за 2011 беа прогласени во музејот за архитектура и дизајн во Чикаго и Европскиот центар за арт дизајн и урбана наука.
Бројни водечки производители, корпорации, студија за индустриски дизајн, архитекти, графички и продукт дизајнери од над 50 земји во светот, со своите најдобри дела се натпреваруваа за "Оскарот" за индустриски дизајн – престижната награда на Good Design.
На доделувањето на Оскарите Good Design за индустриски дизајн, „Фолксваген Буба“ беше наградена за извонредниот модерен и естетски изглед, како и за извонредните перформанси на крилата, чистите линии на задните светла, заоблената хауба и страничните линии на вратите, еколошкиот мотор, спортскиот стил и најсовремените комуникациски технологии. Новата „Буба Фолксваген“ од неодамна пристигна и на македонскиот пазар.
Good Design е програма основана во 1950 година, која денес претставува најголема и најпрестижна манифестација за индустриски дизајн, и која секоја година им доделува признанија на најдобрите производители и дизајнери за развивање на иновативни и конкуретни производствени концепти. Покрај „Буба Фолксваген“ и други оригинални и визионерски производи беа наградени за нивниот дизајн.
Наградата која ја доби „Буба Фолксваген“ претставува врвно признание за нејзиниот дизајн и мотив за уште подобри резултати на ова поле во иднина.
|