17.01.2012, 13:09 Шон Пен почесен амбасадор на Хаити
„Не ја прифаќам работава ако не ме ословувате како ’еј господине амбасадоре“, изјави Пен
Славниот актер Шон Пен добил титула на почесен амбасадор на Хаити, откако во последниве две години вложи големи напори за да им помогне на луѓето кои останале без покрив над главата, во земјотресот што го погоди карипскиот остров.
Амбасадорот за надворешни работи на Хаити, Лорен Ламот му понудил на Пен да биде почесен амбасадор, зашто за цело време во последните две години постојано вложувал труд да им помогне на жителите на овој остров да закрепнат од силниот земјотрес.
При примањето на хуманитарната награда за својот придонес за Хаити, Шон Пен прифатил да ја извршува функцијата амбасадор, шегувајќи се на своја сметка: „Не ја прифаќам работава ако не ме ословувате како ’еј господине амбасадоре“.
Покрај Шон Пен, на бројните аукции за помош на загрозените Хаиќани, свој придонесе дале и Деми Мур, Мел Гибсон, Хилари Свонк, Ким Кардашијан, Орландо Блум, Џорџ Клуни и многу други жители на Холивуд.
|