25.01.2012, 12:35 Џони Деп ја оставил Ванеса поради Ева Грин
Џони и Ева се запознале на снимањето на филмот „Темни сенки“ на Тим Бартон, каде наводно се зближиле „повеќе од што требало“
Актерот Џони Деп, наводно ја оставил Ванеса Паради поради колешката Ева Грин. Џони и Ева се запознале на снимањето на филмот „Темни сенки“ на Тим Бартон, каде наводно се зближиле „повеќе од што требало“. Американскиот портал „Аск мен“ пишува дека „благодарение“ на Ева Грин, прекината е 14- годишната врска меѓу Деп и Ванеса Паради, како и дека актерот ги контактирал адвокатите за да го реши прашањето на побелба на имотот и старателство над децата.
Актерката Ева Грин е родена на 5. јули 1980 година во париз и е ќерка на познатата француска актерка Марлен Жубер, која се обидувала да ја разубеди од тоа да тргне по нејзините стапки. Ева не ги послушала советите на мајка си, а по студиите во париз и лондон, дебитирала во филмот на Бернардо Бертолучи, „Сонувачи“. Следувале улогите во филмовите „Арсен Лупен“ (2004) и „Небесно кралство“ (2005) на Ридли Скот. Потоа ја одбила улогата во филмот на Брајан Де Палма, „Црна Далија“.
Во 2006. година ја остварила својата најзначајна улога во филмот за Џејмс Бонд, „Казино Ројал“, каде ја глумеше Бонд - девојката Веспер Линд. Публиката ја памети и по улогата на вештерката Серафина Пекалу во филмската адаптација „Златен компас“ од 2007. година.
Ева Грин, моментално го снима филмот „Френклин“, каде глуми уметник со поделена личност, а можно е и да се појави во новиот филм за Бонд.
Ева се забавувала со новозенландскиот актер Мартин Цокас, кој го запознала за време на снимањето на филмот „небесно кралстви“, но парот се разделил во 2009. година.
|