24.01.2012, 14:24 Ванеса Паради: На зима се разведувам, лете се мажам
„Веќе 15 години се мажам секоја година. Покрај сето тоа, би требала уште и да се правдам за сите тие гласишта“, вели Паради
Ванеса Паради ги коментирала гласиштата за разделбата од Џони Деп, на себе својствен начин. Таа се појавила сама на премиерата на својот нов филм во Париз. На прашањата за коментар околу гласиштата за разделбата таа иронично изјавила: „Знаете, кога ќе изедам три гравчиња- бремена сум. Кога ќе посетам некој град- купувам куќа. На зима се разведувам, лете се мажам. Веќе 15 години се мажам секоја година. Покрај сето тоа, би требала уште и да се правдам за сите тие гласишта“.
Во текот на 14- годишната врска со Џони Деп, Ванеса добила две деца, а иако се чини дека се создадени еден за друг, Паради тврди дека не верува во сродни души. „Ако ја изгубиш сродната душа, излегува дека си изгубил се'. Идејата за сродни души е многу возбудлива и романтична за филм или песна, но во стварноста тоа е застрашувачки“- додала Ванеса Паради.
|