26.01.2012, 12:57 Неда Украден стана баба на близначки
Нејзината ќерка, Јелена, вчераутро се породи во Гинеколошко- акушерската болница во Белград, каде што на свет донесе две здрави девојчиња
Популарната пејачка Неда Украден стана баба. Нејзината ќерка, Јелена, вчераутро се породи во Гинеколошко- акушерската болница во Белград, каде што на свет донесе две здрави девојчиња. Единствената наследничка на пејачката своите близначки ги крсти- едната по мајка си, Неда, а другата Александра. На тој начин Јелена и нејзиниот сопруг Предраг Миновиќ сакаа да им се заблагодарат на своите родители за сета грижа и посветеност со кои ги опсипуваат цел живот.
Бабата Неда веќе ги видела внуките и на прв поглед се заљубила во нив, но истакнува дека нејзината имењачка нема да биде повластена во однос на својата сестра.
„Денеска нема посреќен човек од мене. Ги видов бебињата веднаш по породувањето, а потоа и Јелена. Близначките се прекрасни, не личат една на друга. Големи бебиња се, тежат 2.700 кг и 2.900 кг, а долги се по 48 см. Преслатки се, имаат коса и прчести носиња. Едната вика повеќе, па веднаш си помислив- тоа е Неда! Полудена сум од љубовта и среќата која ме снајде и едвај ја чекам следната средба со нив“, изјави Неда Украден за српскиот печат, не криејќи ги емоциите и возбудата од својата нова улога на баба.
Во станот во кој заедно со Неда живее и нејзината ќерка и сопруг, веќе има спремна соба за близначките, а бабата се потруди се да биде совршено и по мерка на принцезите.
|