20.01.2012, 12:29 Филмот „Уметник“ миленик и на лондонската критика
Францускиот црно-бел филм „The Artist“ (Уметник) доби три признанија на доделувањето на наградите на лондонските филмски критичари- за најдобар филм, режија (Мишел Азанависиус) и за зактер (Жан Џарден)
Филмот досега веќе освои три Златни глобуса, има најмногу номинации за британската награда Бафта и е еден од главните фаворити за Оскар, пренесуваат денеска британските медиуми.
Иранската драма „Развод“ на Ашар Фахради, исто така, освои три награди - за најдобар странски филм, најдобро сценарио (Фахради) и за женска споредна улога (Сарех Бајат).
Холивудската актерка Мерил Стрип е наградена за својата улога на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во филмот „Челичната леди“. Изненадување на вечерта беше што Стрип ја подели наградата за најдобра актерка со Ана Павкин за нејзината ролја во филмот „Маргарет“.
Оливија Колман е прогласена за британска актерка на годината за својата улога во филмот „Челичната леди“, додека Кенет Брана ја освои наградата за најдобра споредна машка улога за својата изведна на Лоренс Оливие во филмот „My Week With Marilyn“ (Mojaта недела со Мерлин).
Мајкл Фасбиндер е прогласен за британски актер на годината за својата улога во филмовите „ A Dangerous Method“ (Опасен метод) и „Срам“.
Режисерката Лин Ремзи ја доби наградата Атенбороу за британски филм на годината „Мораме да зборуваме за Кевин“, додека документарецот на Асиф Кападија „ Сенка“ е прогласен за најдобар документарен филм.
|