20.01.2012, 12:47 Приведени шест македонски навивачи во Ниш
Во тепачка полесно било повредено едно лице, кое што не побарало лекарска помош, туку инсистирало да му биде дозволен влез во салата за да го следи мечот за кој што имал купено влезница
Огромната желба за победа на Македонија и вжештените страсти уште пред почетокот на натпреварот беа причина пред салата „Чаир“ во Ниш да дојде до инцидент во кој што биле вклучени шест македонски навивачи. Имено, на дваесетина минути пред почетокот на клучниот меч на ЕП 2012, шест Македонци влегле во меѓусебен конфликт кој што кулминирал со тепачка. Полициските сили во близина на салата експресно реагирале и ги привеле вклучените во инцидентот, по што против нив биле поднесени прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир.
Во тепачка полесно било повредено едно лице, кое што не побарало лекарска помош, туку инсистирало да му биде дозволен влез во салата за да го следи мечот за кој што имал купено влезница. Македонските навивачи во претходните пет дена го имаа обоено Ниш во црвено-жолто, а ова беше прв инцидент во кои што беа вклучени нашите фанови, кои што со својата поддршка дефинитивно имаа голем удел во успехот на ракометарите.
|