19.01.2012, 12:06 Решавачки дуел против Чешка за пласман во втората фаза на ЕП
Победа на македонската репрезентација на денешниот натпревар и триумф на Шведска над Германија е една од сигурните комбинации која ќе ги однесе „црвено-жолтите“ во втората фаза од ЕП која ќе се одигрува во Белград
Ракометните репрезентативци на Македонија вечерва во Ниш против селекцијата на Чешка во рамки на Европското првенство го играат клучниот меч за обезбедување пласман во следната рунда од шампионатот.
Победа на македонската репрезентација на денешниот натпревар и триумф на Шведска над Германија е една од сигурните комбинации која ќе ги однесе „црвено-жолтите“ во втората фаза од ЕП која ќе се одигрува во Белград.
Македонските ракометари играат вечер во салата „Чаир“ во Ниш од 20 часот и 15 минути, додека дуелот Шведска-Германија ќе се одигра во попладневниот термин (18:15).
Селекцијата на Македонија, во рамки на ЕП досега одигра два натпревари пред повеќе од 4.000 публика. Во драматичните дуели, ракометарите одиграа нерешено со Шведска, а од Германија загубија со еден гол разлика.
Дуелот од третото коло, односно вечерашниот меч е одлучувачки за ракометарите кои се надеваат на голема поддршка од македонските навивачи на трибините во салата во Ниш.
|