19.01.2012, 12:35 Јункер: Еврозоната е на границата на рецесијата
Еврозоната е на границата на техничка рецесија, изјави на прес-конференција во Луксембург претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер.
Техничка рецесија според финансиските експерти има во случаите кога се забележува намалување на бруто домашниот производ во најмалку два последователни квартали.
Очекувањата се дека во последниот квартал од минатата година економската активност во земјите од еврозоната почнала полека да се опоравува, но официјалните статистички податоци се уште не се објавени. Слични се очекувањата и за првиот квартал од тековната година.
Се претпоставува дека во овој период ќе има нулта промена во БДП на земјите од еврозоната, по што ќе започне период на слабо подобрување.
|