20.01.2012, 14:54 Скијачката Сара Бурк им подлегна на повредите
Првата фаворитка за освојување на златниот медал на Зимските Олимписки игри во 2014 година во Сочи, Сара Бурк, почина само девет дена откако се здоби со тешки повреди по несреќата на еден од своите тренинзи
Канадската скијачка (29 години) е една од најдобрите во акробатските дисциплини, и главен лобист овој спорт да биде примен на Зимската Олимпијада почина во болницата во Солт Лејк Сити каде веднаш беше префрлена по несреќата.
Во падот на 10. јануари Бурк скина дел од артериите на ’рбетниот појас по што и беше намален дотокот на крв во мозокот, што предизвика обилно крварење и срцев удар. Веднаш беше оперирана, но потоа единствено одржувана во вештачка кома издржа само девет дена.
Сара Бурк беше една од најпопуларните спортистки во зимските спортови. Падна за време на тренингот изведувајќи го трикот „flat spin 540“. Според изјавите на очевидците, изненадувачки е како следел падот затоа што Сара изведувала и многу потешки трикови во својата кариера.
|