23.01.2012, 11:34 Водечкиот тандем убедлив во Примера
Лионел Меси со хет-трик и донесе победа на Барселона на гостувањето кај Малага со 4:1, а со идентичен резултат Реал дома го совлада Атлетик Билбао
Успешен настап за двете водечки екипи во Шпанското фудбалско првенство на натпреварите од 19. коло. Реал Мадрид по негативата од 1:0 стигна до убедлива победа од 4:1 на домашен терен против Атлетик Билбао. Реал стартуваше несигурно и по 13. минути имаше негатива од 0-1 откако Љоренте ја затресе мрежата на Касиљас. Но потоа четата на Мурињо ја покажа својата сила и со головите на Марсело (25’), двата гола од пенал на Роналдо (47’ и 67’) и на Каљехон (85’) на убедлив начин го освои целиот плен.
Со ист резултат, но на гостински терен Барселона славеше победа против Малага. Лионел Меси три пати ја затресе противничката мрежа, а погодок постигна и Алексис Санчез. Хосе Рондон пак го постигна почесниот погодок за Андалузијците.
Освен натпреварите на главните фаворити за шампионската титула во Примера Дивизија, вчера се одиграа уште три дуели: Осасуна - Валенсија 1:1, Рајо Ваљекано - Мајорка 0:1 и Леванте - Сарагоса 0:0.
Во саботата: Расинг Сантандер - Хетафе 1:2, Еспањол - Гранада 3:0, Реал Сосиедад - Атлетико Мадрид 0:4 и Бетис - Севиља 1:1.
Колото ќе биде заокружено вечерва (21 часот) со одигрувањето на натпреварот Виљареал - Спортинг Хихон.
Табела: Реал Мадрид 49 бодови, Барселона 44, Валенсија 35, Леванте 31, Еспањол 28, Осасуна 27...
|