25.01.2012, 14:05 Аивалиотис: Во Mакедонија живеат 100.000 Грци
Грчката делегација во Параламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на пленарна сесија ја обвини Македонија, без притоа да ја именува директно за „фалсификување на историјата“, тврдејќи дека во Република Македонија живеат 100.000 Грци.
Интервенцијата на грчкиот пратеник од редовите на Лаос, беше во рамки на дебатата за правото на секој да учествува во културниот живот. Но, Констатинос Аивалиотис го искористи времето за дискусија да го привлече вниманието за „фалсификување на историјата од страна на една европска земја“.
- Сакам да подвлечам, дека пристапот кон културното творештво не може да се оправда со фалсификување историските податоци, кога сите ние знаеме дека на пример, Александар Велики беше грчка личност, тој зборувал и користел грчки јазик и оти го имал за професот Аристотел. Ние за жал можеме да ги слушнеме раководителите на една европска земја да ја претставуваат историјата под сосема друг агол! Како европјани, и како цивлилизирни луѓе, ние не смееме да дозволиме да се премине така преку ова фалсификување на историјата, рече Констатинос Аивалиотис.
Веднаш потоа, во другата расправа посветена на гаранциите за поголема ефикасност на Конвенцијата за човекови права, пратеникот од грчкиот партламент излезе пред парламентарците од 47 земји членки на СЕ со ново тврдење дека во Македонија (тој рече Скопје), научил, како што рече, од сведоштва, живеат 100.000 Грци кои не биле опфатени со пописот.
Аивалиотис во таа прилика бара Советот на Европа и посебно од новиот комесар за човекови права да направи нешто за да се разгледа ова прашање, поточно праша дали овие лица кои живеат во Скопје зборуваат грчки. Досега во ниту еден извештај на Советот на Европа, на комесарот за човекови права на СЕ или на ЕКРИ, не било споменато дека во Македонија живее грчко малцинство.
|