25.01.2012, 14:16 Во Москва 24 жртви од студ
Вкупно 24 луѓе починаа од студ на улици во Москва од почетокот на зимата што е многу помалку отколку во изминатите години.
Според Владимир Петросјан, шеф на одделот за јавна заштита во Кабинетот на градоначалникот на Москва, најголем дел од жртвите се бездомници.
Ситуацијата е променета откако во Москва е формирана специјална мобилна служба со 15 возила кои постојано патролираат низ улици во главниот град на Русија. Минатата зима тие спасиле околу 6.500 луѓе.
На полицијата и е наредено редовно да ги проверуваат напуштените згради, подруми и тавани каде бездомниците најчесто се сместуваат. Полицијата доби инструкции и да внимава на алкохолизирани лица, јавуваат руски медиуми.
|