23.01.2012, 14:27 Јосиповиќ-Топи: Албанско-хрватските односи на високо ниво
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и неговиот домаќин, албанскиот претседател Бамир Топи, по средбата во Тирана оценија дека албанско-хрватските односи се на високо ниво, заложувајќи се за унапредување на сработката во повеќе области, посебно во економијата.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, Јосиповиќ на заедничката прес- конференција дал гаранција дека Хрватска ќе ги поддржи земјите од регионот на нивиот пат во евоатлантската интеграција, а добивањето кандидатски статус во годинава кога Албанија одбележува 100 години од незвианоста ќе бил најголем дар за земјата.
Топи од своја страна потенцираше дека Албанија прави се да го добие статусот на земја кандидат за членство во Унијата, нагласувајќи дека во последно време се чувствува политичка стабилност и дух на соработка меѓу страните.
Во врска со регионалната политика на двете земји Јосиповиќ рекол дека улогата на Хрватска и на Албанија е конструктивна и мирољубива.
- Ќе направиме се состојбата во регионот да биде мирна, да имаме мир и меѓусебно да ги поврземе земјите од регионот. Сметаме дека проблемите кои се присутни во некои држави од регионот треба да се решаваат на мирен начин, со дијалог, изјави Јосиповиќ.
Тој нагласи дека треба да се заштитуваат заедничките богатства, како што е Јадранско Море, потсетувајќи на последното загадување на хрватскиот брег кое дошло од Албанија.
Јосиповиќ ќе се сретне и со премиерот Сали Бериша, со спикерот на Парламентот Јозефина Топали и со градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша. Тој во рамките на посетата ќе има предавање на државниот Универзитет во Тирана, ќе престојува и во пристанишниот град Драч. а ќе ја посети и Кулата во градот Круја, престолнината на Ѓерѓ Кастирот –Скендербег.
|