Барселона го елиминира Реал Мадрид од „Кралскиот Куп“
Синоќа на „Камп Ноу“ големите ривали одиграа 2:2, па поради победата во првиот меч на „Бернабе“ од 2:1, Барселона се пласира во полуфиналето
Фудбалерите на Барселона иако не победија синоќа на својот „Камп Ноу“ против големиот ривал Реал Мадрид, сепак успеjаа да го елиминират тимот предводен од Жозе Мурињо во четвртфиналната рунда од фудбалскиот Куп на Шпанија.
Вкупниот триумф за Каталонците се должи на победата на првиот дуел одигран во Мадрид кога беа поуспешни со 2:1, а на синоќешниот реванш резултатот беше нерешен 2:2.
Головите за Барселона ги постигнаа Педро Родригез (43 минута) и Даниел Алвеш (45+3 минута), додека Кристијано Роналдо (68 минута) и Карим Бензема (71 минута), беа стрелци на головите за Реал.
Покрај Барселона, вчеравечер пласман во следната рунда обезбеди и екипата на Атлетик Билбао која и во реванш натпреварот на гостувањето кај Мајорка славеше со 1:0 (првиот натпревар во Билбабо заврши 2:0 за Атлетик).
Во вторникот пласман меѓу четирите најдобри во ова натпреварување обезбеди и екипата на Мирандес.
Последниот патник во полуфиналето на Купот ќе биде познат вечерва по одигрувањето на реванш натпреварот меѓу Леванте и Валенсија. Тимот од „Местаља“ влегува со голема предност од 4:1 по првиот натпревар.