25.01.2012, 13:32 Ѓоковиќ без загубен сет против Ферер
Првиот носител во Мелбурн, во четвртфиналето, со 3-0 во сетови (6-4, 7-6, 6-1) го совлада петтиот носител, Шпанецот Давид Ферер
Новак Ѓоковиќ е последниот тенисер кој избори пласман во полуфиналето на првиот Грен слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Првиот носител во Мелбурн, во четвртфиналето, со 3-0 во сетови (6-4, 7-6, 6-1) го совлада петтиот носител, Шпанецот Давид Ферер.
Ѓоковиќ против Ферер уште од стартот го наметна својот ритам, пред да му го одземе сервисот на противникот, во првиот сет тој пропушти седум брејк топки. Светскиот број 1 имаше проблеми во вториот сет, кога по брејкот, кој го направи уште на почетокот, му дозволи на Ферер да се врати во игра, но тај-брејкот Србинот го доби со 7:4.
По добиените два сета, Ѓоковиќ не ја испушти можноста со максимален резултат да го заврши мечот, добивајќи го третиот сет со убедливи 6-1
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде Енди Мареј, кој лесно во четвртфиналето го мина Кеи Нишикори.
Ѓоковиќ и Мареј минатата година играа во финалниот меч, Ѓоковиќ тогаш победи со 6-4, 6-2, 6-3.
|