26.01.2012, 11:43 Мекејлеб го „урна“ Реал среде Мадрид
Мекејлеб со 25 постигнати поени беше најефикасен на натпреварот кој Монтепаски го доби со 88:69
Македонскииот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб беше најзаслужен за победата на Монтепаски Сиена на гостувањето во Мадрид против Реал, во натпревар од 2.коло во „Топ 16“ фазата на кошаркарската Евролига.
Мекејлеб со 25 постигнати поени беше најефикасен на натпреварот кој Монтепаски го доби со 88:69.
Владо Илиевски не беше во составот на Анадолу Ефес кој беше поразен на гостувањето во Москва кај ЦСКА.
Третиот Македонец кој настапува во Евролигата, Перо Антиќ вечерва во Истанбул со Олимпијакос му гостува на Галатасарај.
Резултати и двојки за 2.коло и табели по групи:
Група Е: ЦСКА Москва - Анадолу Ефес 96:68; (вечер од 19 часот) Галатасарај - Олимпијакос. Табела: ЦСКА Москва 4 бодови, Анадолу Ефес 3, Галатасарај 1 (натпревар помалку), Олимпијакос 1 (натпревар помалку).
Група Ф: Реал Мадрид - Монтепаски Сиена 69:88, Билбао - Уникаха 85:70. Табела: Монтепаски Сиена 4 бодови, Билбао 3, Реал Мадрид 3, Уникаха 2.
Група Г: Фенербахче Улкер - Армани 65:63, Панатинаикос - Уникс Казан 83:89. Табела: Уникс Казан 4 бодови, Панатинаикос 3, Фенербахче Улкер 3, Армани 2.
Група Х: Канту - Жалгирис 79:78; (вечерва од 20:45 ч.) Макаби - Барселона. Табела: Канту 3 бода, Макаби 2 (натпревар помалку), Барселона 2 (натпревар помалку), Жалгирис 2.
|