17.01.2012, 10:59 Ракометарите против Германија, ватерполистите во дуел со Грција
Македонската машка ракометна репрезентација вечер во Ниш го игра вториот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Германија
На вториот ден, пак, на ЕП во ватерполо во холандскиот град Ајндховен, македонскиот тим ќе одигра против Грција.
Пред два дена во салата „Чаир“ во Ниш, македонските ракометари во драматичен меч против селекцијата на Шведска одиграа нерешено (26:26) и се изборија за еден бод во првото коло. По вечерашниот натпревар во Германија, в четврток „црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите со чешката репрезентација.
Македонските ватерполисти кои вчера во 1-коло ги декласираа Турците со 16:4, денеска се исправени пред императивот победа во дуелот со Грција. Мотивот е голем, а влогот уште поголем, имајќи предвид дека победата ќе ги зголеми шансите на ватерполистите за пласман на позицијата која носи место во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.
Во останатите два натпревара од оваа група ќе играат Холандија – Унгарија и Италија – Турција. Во „Б“ ��рупата, двојките за денеска се: Србија - Германија, Шпанија - Романија и Црна Гора - Хрватска.
|